Мане не заборава – подароци за сите вработени во Ливерпул, од чистачи до готвачи…

Садио Мане е голгетер од светска класа, но фудбалерот на Баерн Минхен уште еднаш ја покажа и својата хумана страна со прекрасниот гест кон вработените во Ливерпул.

Имено, во клупските простории викендов пристигнале 150 пакети, адресирани со имиња за секој од вработените во клубот, од чистачи, преку готвачи до луѓето од обезбедувањето. Во нив имало специјални чоколади, фотографија од Мане и писмо рачно напишано од Сенегалецот, во знак на благодарност кон секој од нив за она што го направиле за него во изминатите години.

Мане од летово се пресели во Баерн Минхен, но со ваквиот однос само покажува зошто на него се гледа како на клупска легенда на Ливерпул.

Се вчитува...