Мане одби да се фотографира со пиво поради верски причини

Фудбалерот на Баерн Минхен, Садио Мане одби да се фотографира со пиво поради верски причини, во текот на промотивното фотографирање на тимот за новата сезона.

По повод „Октоберфест“ фудбалерите на баварскиот гигант се фотографираа со пиво во раката носејќи карактеристична облека за фестивалот, но Сенегалецот одби, бидејќи исламската религија тоа не му го дозволува.

Неговиот пример го следеше и Мароканецот, Нусар Мазруи, кој летово исто така пристигна на „Алијанц арената“ од редовите на Ајакс.

Се вчитува...