Мане позираше и официјално го претстави бројот што ќе го носи во Баерн (ФОТО)

Садио Мане и официјално го претстави новиот број со кој ќе настапува во новата натпреварувачка сезона, Сенегалецот одлучи кариерата да ја продолжи во Германија и тоа во редовите на Баерн Минхен.

„Баварците“ беа најбрзи, најконкретни и го добија потписот на Сенегалецот за 32 милиони евра, сума која може да се зголеми ако се исполнат одредени бонуси. Се очекува Мане да биде големо засилување за бундеслигашот, а како такво ќе има интересен број на дресот во натпреварувачката 2022/2023.

„Го избрав бројот 17 од оние што беа слободни. Се надевам дека ќе прославам многу успеси со него со моите соиграчи. Едвај чекам да почнам да се подготвувам за новата сезона, -порача Садио кој се обврза на соработката до 2025 година.

Бројот 17 во Баерн го имаат носено играчи како Боатенг, Ван Бомел, Циге…

 

 

Се вчитува...