Пред неколку дена беше потврдено дека првата ѕвезда на фудбалската репрезентација на Сенегал, Садио Мане поради повреда нема да може да им помогне на своите сонародници на Светското првенство во Катар.
Денеска асот на Баерн Минхен на социјалните мрежи објави фотографии на која е со патерици и дефинитивно покажа дека не е во можност да и помогне на својата репрезентација на шампионатот.
Сенегал на СП во Катар се наоѓа во групата А заедно со домаќинот, Еквадор и Холандија, а во првиот меч во понеделник ќе игра против „лалињата“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА