Манев: Дојдов во Шкендија за да станам шампион на Македонија

Jован Манев не го крие задоволството по реализираниот трансфер во Шкендија, клуб со кој македонскиот репрезентативец се надева дека ќе се закити со титулата во домашното првенство.

Тој би требало да биде клучен адут на тетовци во дефанзивната линија, а екс-фудбалерот на Брегалница не крие дека очекува успех во дресот на новиот клуб.

„Среќен сум што доаѓам овде, што станувам дел од Шкендија, По пет-шест години се враќам во Македонија, го носам со себе искуството од настапите во различни држави. Од првиот ден е очигледно дека Шкендија е клуб поставен на високо ниво, што беше и една од причините поради кои прифатив да дојдам овде. Амбиција? Секако, немаше да доаѓам овде ако не сонував за високи дострели. Сакам да помогнам да имаме добри резултати во Европа и секако – да бидеме шампиони на Македонија“, изјави Манев во потписот на договорот со тетовскиот клуб.

Се вчитува...