Манев и Осијек славеа над Трајковски и Хајдук во хрватскиот шампионат

Фудбалерите на Осијек на нашиот Јован Манев стигнаа до голем триумф на гостувањето кај Хајдук на Александар Трајковски од 0-2 во меч од 12. рунда од новата сезона во хрватскиот шампионат.

Водство за гостите од 0-1 донесе Брлек во 60. минута, додека конечните 0-2 беа автогол на Лучиќ во 75. минута. И двајцата македонски репрезентативци беа стартери за своите тимови.

Јован Манев го одигра целиот меч за Осијек, додека Александар Трајковски беше заменет во 66. минута.

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...