Манев: Не погрешив што дојдов во Вележ, знаев дека е клуб со огромна традиција

Довчерашниот дефанзивец на Вардар, Коста Манев на извонреден начин се вклопи во редовите на својот нов клуб, босанскиот суперлигаш Вележ од Мостар.

Манев вели дека е задоволен што е дел од клубот со една од најголемите традиции на балканските простори.

„Воопшто не погрешив што дојдов во Вележ кој гледам дека е клуб кој навистина се сака, со верни навивачи и долга традиција. Кога менаџерот ми кажа во јуни дека има интерес од Вележ почнав да чепкам нешто за клубот и градот и веднаш видов дека би дошол во една навистина организирана средина која има сериозни амбиции. Брзо се согласивме и со раководството од каде ми објаснија дека желбата е Вележ полека повторно да се врати на старите патеки, таму каде што некогаш бил како еден од најдобрите клубови во БиХ“ – вели Манев.

Се вчитува...