Маневски пред гостувањето во Куманово: Вардар секогаш и секаде оди на победа

Денеска продолжува осмото коло од новиот шампионат во Првата македонска фудбалска лига, а на програмата е веројатно најинтересниот дуел од оваа етапа. Во Куманово, кај разиграниот Башкими, гостува Вардар, екипа која сама по себе предизвикува инспирација и желба за надигрување.

Башкими е изненадувањето на сезоната, во тоа нема дилеми. На нивниот стадион веќе гостуваа неколку екипи, но ниту една не успеа лесно да помине кај новиот прволигаш.

„Точно е, Куманово и Башкими се сериозно гостување во моментов. А, каде тоа Вардар поминал лесно? Никаде. Секаде каде што гостуваме, домаќинот е максимално мотивиран, трибините се полни, атмосферата е на високо ниво. Вардар е во прашање и така треба да биде. Ние, од друга страна, сме свесни за сето тоа и се подготвуваме максимално за денешниот меч. Нема што премногу да се дискутира, концентрација и максимален влез во мечот од првата минута. Вардар и денеска, како и на сите натпревари што поминаа или што следуваат, оди на победа и на три бода. Тоа е единствената опција за Вардар“, изјави левиот бек на „црвено-црните“, Михаил Маневски.

Се вчитува...