„Манимал“ во Москва се задржа само два месеца

ЦСКА Москва и американскиот центар Кенет Фарид ја прекинаа соработката по два месеца. Популарниот „Манимал“ во главниот град на Русија пристигна во октомври како замена за поврeдените Шенгелија и Фоигтман, но по враќањето на Грузиецот и Германецот целосно отпадна од составот.

Во негов прилог не беше ниту слабата физичка подготвеност за настап во елитното европско кошаркарско натпреварување, па не доби продолжување на соработката и првиот престој на „стариот континент“ го заврши рано.

За московскиот тим одигра само 11 натпревари на кои во просек поминуваше околку девет минути на паркетот, а во Евролигата оствари просек од 2.3 поени и 2.4 скока со 31 отстотна реализација од поле.

Се вчитува...