Манолас го откачи Манчестер јунајтед за Јувентус

Јувентус ќе го признае поразот од Барселона во трката по Де Лихт, откако „старата дама“ во меѓувреме договори трансфер на друг врвен дефанзивец. Станува збор за Костас Манолас, кој со години наназад прикажува одлични игри во дресот на Рома и кој летово дефинитивно ќе си замине од „Олимпико“, со оглед на фактот дека клаузулата му беше спуштена на 36 милиони евра.

Манчестер јунајтед долго водеше во оваа трка со надеж дека грчкиот репрезентативец ќе биде нов лидер на одбраната на „црвените ѓаволи“ наредната сезона, но Јувентус експресно ја заврши работата. Бројни италијански весници објавија дека Манолас веќе ги договорил личните услови со „старата дама“, а Рома воопшто не се прашува во ситуацијата бидејќи ќе биде платена клаузулата за автоматски раскин на договорот.

Јуве во својата одбрана ги има искусните Кјелини и Бонучи, сега со Манолас уште повеќе ќе добие на квалитет, додека младиот Ругани со променливите игри сезонава јасно покажа дека се уште не е доволно зрел за улога на редовен стартер во најтрофејниот италијански клуб.

Се вчитува...