Манолас: Салах? Па ние го запревме Меси…, а не Салах!

Фудбалерите на Рома направија огромен успех со пласманот во полуфиналето од Лигата на шампионите каде силите ќе ги одмерат со Ливерпул.

Речиси никој не веруваше дека Рома ќе може да се избори за пласман меѓу најдобрите четири екипи во Европа откако во четвртфиналето ја доби Барселона. Но, „волчицата“ приреди чудо… Од тимот од Рим порачуваат и дека нема да запрат само на досега реализираното.

„Секако дека можеме да дојдеме до финалето од ЛШ. Ме прашувате за Салах? Па, нормално дека нема да играме фластер на него. Ние со нашата тимска игра го запревме Меси и Барселона, па сигурен сум дека можеме да го запреме и Салах. Никој не вели дека ќе биде лесен двомеч за нас, но веруваме во себе дека можеме до финалето“ – вели дефанзивецот на римскиот клуб, Костас Манолас.

Се вчитува...