Мануел Нојер го доби признанието за најдобар голман во Лигата на шампионите

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер сосема очекувано го доби признанието за најдобар голман во сезоната 2019/20 во Лигата на шампионите.

„Пресреќен сум со ова признание кое доаѓа по освојувањето на мојот втор трофеј во Лигата на шампионите. Успехот се должи на тимот, а јас сум среќен што сум дел од тим како Баерн Минхен“ – истакна Нојер за време на свеченоста пред ждрепката за новата сезона од ЛШ.

Најдобар женски голман, пак, е прогласена Французинката Сара Бухади, членка на Лион.

Претходно, наградата од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин ја доби Додие Дрогба за долготрајни заслуги за развојот на фудбалската игра во светот.

Се вчитува...