Фудбалерите на Баерн Минхен го декласираа Атлетико Мадрид со 4-0 во првиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите. На овој натпревар историја испиша Мануел Нојер кој го урна рекордот на Сеп Мајер, а веќе озбилно му се заканува и на Оливер Кан.
Имено, за Нојер тоа беше 200 натпревар во кој ја сочува мрежата, а вкупно 394 натпревар кој го одигра во дресот на Баварците. На Сеп Мајер за истиот број му беа потребни дури 651 натпревар, а сега на ред е рекордот на Оливер Кан кој мрежата успеа да ја сочува на вкупно 247 натпревари. Кан во Баерн Минхен помина 14 година во кои забележа 632 настапи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА