Мануел Нојер по 342 дена пауза повторно со меч во Бундес-лигата

Баерн Минхен ја отвора новата сезона во Бундес-лигата со домашниот меч против Хофенхајм (20.30 часот), а дуелот на „Алијанц арена“ воедно ќе го означи и бундеслигашкиот камбек на Мануел Нојер по долгата пауза на извонредниот голман.

Нојер ќе биде капитен на Баерн на овој натпревар, прв за него во германското елитно фудбалско друштво по цели 342 дена. Претходно, неговиот последен меч беше оној против Мајнц на 16 септември 2017 година, по што следеше обновување на старата повреда и долга пауза од терените, се до крајот од ланската сезона.

Баварците не беа премногу активни на пазарот, но јасно е дека Мануел Нојер ќе им биде огромно засилување во однос на ланската сезона.

Се вчитува...