Марадона: Дани Алвеш е кретен, од 28 центаршутеви едвај погодува четири…

Дани Алвеш во последните денови прави се што е во негова моќ за да го натера Јувентус да го продаде. Критики стигнуваат од челниците и од навивачите на „старата дама“, а неочекувано најгласен од сите е легендарниот Диего Армандо Марадона, откако легендата на Наполи остро го  нападна бразилскиот ветеран. Ова следи откако Алвеш пред неколку дена го критикуваше Марадона дека не е добар пример за младите луѓе, порачувајќи му дека реба повеќе да биде како Лео Меси.

Дани Алвеш е идиот. Говорам и како човек и како фудбалер, тој ќе нафрли 28 пати во шеснаесетникот и ќе погоди само четири. Врвен десен бек беше Кафу, потоа и Маикон, а Дани Алвеш е идиот. Тој три пати ја допира топката, а веќе направил осум прекршоци бидејќи цело време доцни. Не сакам да зборувам на оваа тема, можеме да разговараме за Ривелињо, за Роналдо, Карека, Нејмар, Роналдињо… но немам што повеќе да кажам за Алвеш“ – порача Марадона.

Се вчитува...