Марадона ги прекрши правилата за изолација – Целиот свет загрижен, Дон Диего не изгледа воопшто добро

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона вчера го прослави 60. роденден. Тој доби честитки од цел свет, но најмила му беше таа од неговата Гимназија Ла Плата која вчера го победи Патронат со 3-0.

Марадона не ја водеше Гимназија на овој натпревар бидејќи му беше одредена изолација поради тоа што еден од неговите телохранители беше позитивен на коронавирус. Сепа, за Марадона правилата за изолација немаат значење.

Аргентинските медиуми беа изненадени кога Марадона се појави на стадионот на мечот против Патронат, но на трибините беше само неколку минути. Многу се загрижија за неговиот изглед бидејќи воопшто не изгледаше добро легендарниот Аргентинец. Марадона на стадионот беше неколку минути, по што веднаш беше пренесен дома.

Се вчитува...