Марадона: Мојата покана за свадбата на Меси сигурно се загубила по пат

Легендата на аргентинскиот фудбал, Диего Марадона изјави иронично дека неговата покана за свадбата на Лионел Меси сигурно се загубила некаде по пат.

Меси во Розарио се венчаше со својата љубов уште од детството Антонела Рокузо, а на свадбата, меѓу 260 гости и 150 новинари, воопшто не беше поканет Марадона.

„Му честитам на Меси, тој знае јас колку го сакам него. Мојата покана за свадбата сигурно се загубила некаде по пат… Но, мојот став кон Меси нема да се промени. Тој е добар спортист и одлично момче. Свадбата ете секако можеше да се одржи и без мене“ – вели Марадона кој соработуваше со Меси додека беше селектор на репрезентацијата на Аргентина на СП 2010 на кое не успеа да забележи позитивен резултат.

Се вчитува...