Марадона очекува ангажман во Наполи

Легендата на аргентинскиот фудбалер, Диего Марадона веќе подолго време е без ангажман, откако последно работеше во Ал Васл од Дубаи пред пет години. Според информациите од Италија, тој имал средба со претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис и наскоро очекува работа во овој клуб.

„Можам да работам во Наполи. Сакаме да правиме добри работи, тимот треба да биде на ниво на Јувентус, Милан, Интер и Рома. Претседателот Де Лаурентис се разви многу во последните години. На почетокот не го разбираше фудбалот, но сега веќе е експерт“ – истакна Марадона.

Аргентинецот го носеше дресот на тимот од Неапол од 1984 до 1991 година и за тој период настапи на вкупно 259 натпревари, постигнувајќи 115 погодоци.

Се вчитува...