Марадона за Меси: Не може да си лидер кога пред меч по 20 пати одиш во тоалет

Диего Армандо Марадона повторно е во центарот на вниманието, откако аргентинската фудбалска легенда во мексиканската емисија „Ла ултима палабра“ жестоко го нападна Лионел Меси. Ѕвездата на Барсса често е споменувана како најдобар фудбалер на сите времиња, што сигурно не му паѓа сеедно на Марадона, кој реши отворено да проговори против Меси и неговите лидерски квалитети.

„Тој сака да биде лидер на теренот, но кога си лидер, тоа си цело време, од првиот до последниот тренинг. Не може да сакаш да го водиш тимот на терен, а претходно додека селекторот зборува ти да играш Сони Плејстејшн. Не знам како да ви објаснам, не може да си лидер кога пред секој натпревар одиш по 20 пати во тоалет, тоа доволно кажува“ – истакнува Марадона.

Тој смета дека „десетката“ на Барселона би била уште подобра во репрезентацијата доколку имала играч со лидерски квалитети.

„Ако јас сум лидер не би го ни викнал Меси во оваа ситуација, освен ако немаме играч-лидер каков што сонувавме дека Лео би станал. Некој кој ќе му каже на Меси да трча колку сите, да ја стави главата онаму каде сега не ја става. Ако има таков играч, јас би го викнал Лео Меси да игра и знам дека би било одлично, бидејќи би играл без притисок и со мотивација, како што сите знаеме дека Лео може да игра“ – вели Диего Армандо Марадона.

Се вчитува...