Марадона за средбата со Ескобар – Игравме фудбал, се дружевме со најубавите жени во светот и сето тоа во затвор

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона раскажа анегдота за средбата со најголемиот нарко шеф на сите времиња Пабло Ескобар. Марадона го посетил Ескобар во 1991 година во специјално подготвениот затвор само за Колумбиецот.

„Во 1991 година Ескобар ме повика да играм фудбал со него во затворот кој беше се освен затвор. Одигравме еден натпревар и се забавувавме. Потоа имаше забава со прекрасни девојки. Искрено немам видено поубави девојки од тие тогаш. Сето ова се случуваше во затвор. Не можев да си верувам на очите“, изјави Марадона. 

Во тој момент Марадона ја играше последната сезона во Наполи, а Ескобар беше договорен со властите во Колумбија дека ако направи сопствен затвор нема да продолжи да ја тероризира земјата.

Се вчитува...