Маратонците ќе трчаат на патека за Формула 1!

Легендарната патека во Формула 1 „Монца“ ќе биде домаќин на атлетски маратон на кој ќе се брка нов светски рекорд во оваа дисциплина.

Организаторите на трката соопштија дека патеката е избрана поради оптималните услови за атлетичарите во однос на климата, теренот и надморската височина. Цел на маратонците ќе биде за прв пат да ја поминат класичната маратонска дистанца од 42,195 километри за помалку од два часа.

На маратонската трка на „Монца“ ќе учествуваат олимпискиот шампион Елиуд Кипчоге од Кенија кој има личен рекорд од 2:03.05 часа, етиопсикиот маратонец Леслиса Десиса и светскиот рекордер во полумаратон, Заерсенаи Тадесе од Еритреа. Натпреварувачите ќе трчаат 17 круга од по 2.4 километри.

Актуелниот светски рекорд е 2:02.57 часа поставен од Кениецот Денис Кимето на маратонот во Берлин на 28 септември 2014 година.

monza maraton

Се вчитува...