Мареј дефинитивно не игра на Австралија опен

Поранешниот најдобар тенисер на светот, Енди Мареј потврди дека нема да настапи на првиот грен-слем во сезоната, Австралија опен. Британецот го пропушти организираниот лет до Мелбурн, поради позитвен тест на коронавирус. Иако се надеваше дека ќе најде решение и ќе стигне во Австралија пред 8. февруари, сепак тоа нема да се случи.

„Разочаран сум што морам да ја поделам веста со вас дека нема да патувам за Мелбурн. Бев во целодновни преговори со Тениската федерација на Австралија како би нашле решение, но не успеавме. Сакам на сите да им се заблагодарам за напорот кој го вложија. Жал ми е што нема да играм во Австралија“, напиша Мареј. 

Британецот пет пати играше финале во Мелбурн, но ниту еднаш не успеа да го крене трофејот.

Се вчитува...