Мареј го откажа настапот во Дубаи поради раѓањето на своето четврто дете

Енди Мареј нема да игра на турнирот од Серија 500 во Дубаи. Причината е нешто најубаво што може на некому да се случи, неговата сопруга Ким треба да се породи по четврти пат. Британецот неодамна учествуваше на турнирот во Ротердам, каде загуби од Андреј Рублев. Планот беше сезоната да се продолжи во најголемиот град во Обединетите Арапски Емирати, но тој сепак реши да биде со сопругата за време на породувањето.

Мареј моментално се наоѓа на 116-та позиција на тениската лсита во светот. Падот започна на почетокот на 2017 година, во која тој влезе како прв тенисер на светот. Тој мораше да направи операција на колкот. Враќањето на теренот не беше добар како што се очекуваше. Досега има освоено само еден турнир, Антверпен во 2019 година. Сепак, на приватно ниво, што е многу поважно, очигледно му оди одлично.

Пред Мареј го откажа учеството и Роџер Федерер, кој се врати на теренот во Доха по повеќе од една година пауза, додека вајлд-карта беше одбиена и од Рафаел Надал. Прв носител ќе биде Австриецот Доминик Тим. Турнирот се игра од 16 до 21 март.

Се вчитува...