Мареј го пропуша „Австралија Опен“

Енди Мареј го откажа настапот на Австралија Опен на почетокот од 2020 година откако британскиот ас не успеа да се рехабилитира од повредата што го мачеше во последниот месец.  Тој сакаше да се врати на гранслем турнирите откако пред точно 12 месеци настапи во Мелбурн, но повредата се покажа понезгодна од првичните лекарски прогнози.

„Нема да можам да настап на АТП-купот, како и на Австралија Опен во јануари 2020 година. Работев напорно, дадов се од себе за да влезам во топ-форма, но за жал нема да можам да играм на почетокот од новата година“ – објави Мареј.

Новото издание на „Австралија Опен“ е закажано од 20 јануари до 3 февруари во Мелбурн. Се очекува Мареј да се врати на терените на турнирот во Монпелје закажан за февруари.

Се вчитува...