Мареј го реши младиот Алкарас, Зверев со крајни маки до победа над Бруксби

Александар Зверев се пласираше во третото коло на Индијан Велс откако го победи Џенсон Бруксби со 2-1. Во сетови издвои победа од 6-4, 3-6 и 6-1.

Енди Мареј исто така успеа да го победи Карлос Алкарас во три сета, па за три часа игра успеа да дојде до голема победа и пласман во следната фаза. Енди Мареј вложи по еден час игра во секој сет против младиот тенисер.

Првиот сет Шпанецот го доби со 7-5, иако Енди имаше предност од 3-1 и дури четири брејк шанси во петтиот гем. Сепак, тој не ги искористи, па Карлос поведе.

Британецот лесно во следните два сета го доби Алкарас, најпрви го дови вториот сет со 6-3 и израмни на 1-1, а потоа со 6-2 во сетови направи пресврт и запиша победа за продоување со настапите на Индијан Велс.

Од останатите резултати, и гркот Стефанос Циципас успеа да издвои победа, тој со убедливи 2-0 во сетови го „збриша“ Педро Мартинез.

 

 

 

Се вчитува...