Мареј мотивиран пред Федерер: Фуриозно до второ коло на Вимблдон, со загубени само четири гема

Енди Мареј фуриозно се пласираше во второто коло на Вимблдон победувајќи го на стартот својот сонародник Рајан Пенистон во три сета.

Очигледно и тоа како Мареј беше мотивиран за игра пред Роџер Федерер дозволувајќи му на противникот само четири гема.

Единствено во првиот сет Пенистон освои три гема, а потоа вториот сет му припадна на Мареј со 6-0 и третиот сет го доби со 6-1 за конечна победа од 3-0 во сетови.

Се вчитува...