Мареј: Не очекувам да го освојам Австралија опен, но …

Најдобриот британскит тенисер на сите времиња, Енди Мареј откри дека конечно игра без болка, но дека по Австралија опен точно ќе знае дали може се уште да игра на високо ниво.

„Сезонава играв натпревари во три сета кои траеја навистина долго. Но, кога се игра во три добиени сета, многу е потешко. Ќе видиме како ќе биде во Австралија. Ме прашувате што очекувам од турнирот во Мелбурн? Не знам… Сигурно не очекувам да го освојам, но за мене ќе биде успех ако успеам да одиграм неколку меча во три добиени сета“, изјави Мареј. 

Пред Австралија опен, трикратниот грен-слем шампион ќе се натпреварува на АТП купот.

Се вчитува...