Мареј: Не сум сигурен дека ќе бидам подготвен за сингл мечеви на УС Опен

Најдобриот британски тенисер Енди Мареј се сомнева дека ќе биде подготвен да настапи во сингл на УС Опен. Британецот по операцијата на колкот во јануари, на терените се врати на турнирот во Квинс, во дубл конкуренција кој го освои во пар со шпанскиот тенисер Фелисијано Лопез.

На Вимблдон се врати по пауза од две години каде играше со Французинот Пјер Иго Ербер, а во мешани двојки настапува со Серена Вилијамс.  Сепак, тој се уште не верува дека е подготвен да настапи во сингл конкуренција на последниот грен – слем во сезоната УС Опен.

„Тешко дека ќе бидам подготвен за УС Опен. Разговарав за тоа со мојот тим. Имам уште многу работи да направам како би бил целосно подготвен. Сакам да играм, но морам да гледам долгорочно што ќе биде најдобро за мене. Не сакам да ризикувам да одам на нова операција“, вели Мареј. 

Се вчитува...