Мареј низ солзи: Сакам да играм тенис, но секој меч може да ми е последен

Енди Мареј вчера на турнирот „Квинс“ го совлада Беноа Пер во два сета со 6-3 и 6-2. За Британецот тоа е само втора победа уште од август минатата година. Бројните и тешки повреди сериозно му ја уништија кариерата на поранешниот светски рекет број 1.

Мареј е далеку од најдобрата форма, но и натаму се бори против повредите и не сака предвреме да замине во пензија.

„Сакам да играм тенис“, рече Мареј низ солзи на вчерашната прес-конференција по мечот со Пер. „Јасно е дека треба да се работи напорно за да можете да се натпреварувате. Јас изминатиот период не можев да играм онолку колку што сакав. Добро е што сум тука и што играм. Сакам да уживам во малите и големите победи во текот на мојата кариера и одлучив да биде така додека трае мојата кариера. Така беше и денеска, на пример разговарав со мојот тим и со моето семејство. Само сакам да излезам на терен и да уживам. Секогаш си велам дека секој следен меч може да биде и мојот последен во кариерата. Тоа можеби и не е најдобриот пристап, но сакам да го извлечам максимумот од секој настап на турнир на кој имам шанса да се натпреварувам“, истакна Британецот.

 

 

 

Се вчитува...