Мареј „падна“ уште на стартот во Синсинати

Енди Мареј е поразен уште на самиот старт од Мастерс-турнирот во Синсинати, уште еднаш потврдувајќи дека камбекот во победнички ритам по повредата ќе оди оди потешко отколку што британскиот тенисер предвидуваше. Тој денеска за противник го имаше Пуиј од Франција, губејќи со 1-2 во сетови (1-6, 6-1, 4-6), меч во кој Мареј имаше премногу осцилации во играта и на крајот заслужено претрпе пораз.

Кеи Нишикори славеше со 2-0 во сетови над Рублев од Русија, Гаске беше поразен од Карено Буста со 1-2, додека Шаповалов по голема битка го совлада домашниот тенисер Тиафое.

Пласман во следната рунда обезбеди Гојовчик од Германија, кој по триумфот над Соуса сега во второто коло ќе се сретне со Роџер Федерер.

Се вчитува...