Британскиот тенисер Енди Мареј денеска објави дека ќе ја заврши кариерата по Олимписките игри.
Двократниот олимписки шампион (2012 и 2016 година) на социјалната мрежа „Х“ објави дека претстојните Олимписки игри ќе бидат последниот тениски турнир во неговата кариера.
„Пристигнав во Париз на мојот последен тениски турнир. Натпреварувањето за Велика Британија беше убедливо најнезаборавната недела во мојата кариера и јас сум исклучително горд што го правам тоа за последен пат“, напиша Мареј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА