Мареј: По оние 3-5 веќе се откажав, но некако успеав да се вратам

Најдобриот светски тенисер Енди Мареј се пласираше во 4. коло на Вимблдон откако во тежок меч го победи Италијанецот Фабио Фоњини со 3-1 во сетови.

Мареј имаше заостанување од 3-5 во четвртиот сет, но успеа со пресврт да стигне до триумф.

„Кога имав негатива од 3-5 не верував дека ќе го завршам мечот. Мислев дека ќе има петти сет и дека ќе потклекнам. Но, сепак одлично се вратив и го завршив мечот. Не се движев добро по теренот, беше тоа некој чуден меч, не можев да влезам во ритам, но на крајот добро се заврши за мене“ – вели Мареј.

Се вчитува...