Мареј: Рекордите на Надал ќе останат засекогаш

Британскиот тенисер Енди Мареј смета дека некои од рекордите на Рафаел Надал нема да успеа никој никогаш да ги урне. Како прв кој што ќе трае додека постои човештвото е бројот на титули освоени на Ролан Гарос. Шпанецот годинава дојде до својот 13. трофеј во Париз откако во финалето го совлада Новак Ѓоковиќ со максимални 3-0.

„Според мене некои рекорди на Рафа ќе останат засекогаш. На пример тој по освоени титули на Ролан Гарос. Знам колку е тешко да се освои трофеј во Париз, а замислете тоа да го направите тринаесет пати. Никој никогаш нема да успее тоа да го повтори“, изјави Мареј. 

Надал со титулата на Ролан Гарос се израмни по бројот на освоени грен-слем трофеи со Роџер Федерер (20).

Се вчитува...