Мареј се откажа од Мајами: Ова не е нормално…

Енди Мареј се соочува со нови сериозни здравствени проблеми, поради кои британскиот тенисер беше принуден да го откаже учеството на Мастерс-турнирот во Мајами. Мареј е без настап во Мајами уште од 2016 година, но најави дека ќе учествува на овој турнир годинава, по што беше дел од ждребот и за ривал во првото коло го доби Лојд Харис.

Мареј, кој го освои овој турнир во 2009 и во 2013 година, по најновата повреда на мускулот на ногата го очекува нова пауза од терените.

Не беше на страната на која имав операција, но се разбудив со огромни болки, не можев ниту да одам. Не знам што ми се случи, тоа е една од оние ужасни работи, веќе не е нормално. Секој ден напредував, се чувствував се подобро, а потоа се случува вакво нешто што ме враќа назад“, изјави Мареј.

Се вчитува...