Мареј: Сфатив дека можам да ги победувам и најдобрите

Британскиот тенисер Енди Мареј изјави дека се чувствува подобро на теренот, и дека се надева дека ќе ја подобри својата позиција на АТП листата со цел во иднина да има полесна ждрепка на турнирите.

Поранешниот светски тенисер број еден минатата недела стигна до четвртфиналето на Мец, каде загуби од Хуберт Хуркач. Оваа недела игра во Сан Диего, а во второто коло ќе ги одмери силите со Каспер Руда.

„Одлично е што сум здрав и што можам да играм турнири еден по друг, што не беше случај од 2017 година“, рече Енди. “Се чувствувам подобро. Позицијата на АТП листата не ми е приоритет, се разбира, кога сте подобро рангирани, тогаш можете да го избегнете. Сакам да ја подобрам својата позиција, за да имам поголеми шанси на најважните турнири“, потенцираше Енди.

Трикратниот гренд-слем шампион посочи дека УС Опен беше исклучително важен за него оваа сезона, каде загуби во првото коло од Стефанос Цикипас по одиграни пет сета.

„Доживеав пресвртница на УС Опен. Сфатив дека играм подобро и дека имам шанса да остварувам победи над врвни играчи. Тоа ме мотивира“, заклучи Мареј.

Се вчитува...