Мареј тргна со лесна победа на Ролан Гарос

Енди Мареј покажа знаци на излез од големата криза откако на стартот од Ролан Гарос со квалитетна игра го совлада Андреј Кузнецов со 3-1 во сетови. Британецот се уште е далеку од нивото со кое доминираше кон крајот на 2016 година, но по неколкуте елиминации на стартот од мастерс-турнирите во изминатите два месеци, играта против Кузнецов секако е чекор напред за прворангираниот светски тенисер.

Тој го доби првиот сет со 6-4, во вториот со идентичен резултат возврати рускиот тенисер, за потоа Мареј да доминира во преостанатите два сета, добивајќи ги со 6-2, 6-0. Следен противник на Британецот на Ролан Гарос ќе биде словачкиот тенисер Мартин Клизан.

Кеи Нишикори се врати од негативата од еден сет и славеше со 3-1 против Кокинакис од Австралија, а со максимални 3-0 пласманот во второто коло го осигура Гаел Монфилс, кој беше подобар од Дастин Браун (-4, 7-5, 6-0).

Се вчитува...