Мареј: Вакцината мора да биде задолжителна, верувам дека и Новак ќе прифати

Поранешниот прв тенисер на светот, Енди Мареј вели дека ја подржува идејата за задолжително вакцинирање против коронавирусот за тенисерите. Во случај да се најде вакцина Мареј смета дека таа мора да биде задолжителна.

„Мислам дека таа мора да биде задолжителна и верувам дека сите тенисери ќе прифатат за доброто на спортот. Сигурен сум дека доколку биде задолжителна ќе прифати и Ѓоковиќ да се вакцинира само за да може да игра тенис. Мора да почекаме да видиме каков ќе биде ставот на АТП и ВТА, но сто отсто сум сигурен дека сите тенисери ќе дадат подршка“, изјави Мареј. 

 

Се вчитува...