Некогаш најдобриот тенисер во светот, Енди Мареј, по низата повреди и операции вечерва конечно потсети на старите добри времиња, па му зададе вистинска мака на третиот носител според АТП, Стефанос Циципас. Сепак, Гркот успеа едвај да се врати во игра и да обезбеди значајна победа од 3-2 во сетови.
Мареј уште на почетокот од овој маратонски двобој ја најави големата борба, па силно и фуриозно стартуваше со освојување на првиот сет, добивајќи го со убедливи 6-2.
Во вториот сет Циципас успеа за момент да ја наметне својата игра, па откако собра сила и концентрација успеа да дојде до освојвауње на вториот сет, кој го доби по тај-брејк од 6-7.
Енди Мареј во третиот сет покажа неверојатна упорност и сила, па ваквиот пристап кон играта на Британецот му донесе ново водство, успевајќи да го добие со 6-3.
Стефанос беше упорен и постојано се трудеше да го крене квалитетот на својата игра, па иако повторно притисокот беше на негова страна и уште еднаш се бореше за изедначување, успеа да дојде до освојвуање на нов сет кој му донесе реми од 2-2 (3-6).
Овој долг и исцрпувачки меч конечно дојде до последниот одлучувачки сет, па Ципрас направи неверојатен подвиг и со резултат од 6-4 успеа да запише нова победа која му донесе „билет“ за пласман во следната фаза.
Од останатите поинтересни дуели, Американецот Брендон Накашима го направи изненадувањето на првиот ден на УС Опен, откако го победи 19. носител Џон Изнер со 7-6, 7-6, 6-3.
Андреј Рубљев немаше никаков проблем против Игор Карловиќ, па оствари сигурна победа од 6-3, 7-6, 6-3. Во првото коло Григор Димитров стартуваше триумфално против Сем Рифис, па пласманот во следната фаза го завери со победата од 6-1, 7-6, 6-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА