Мареј заврши на Австралија Опен, а можеби и воопшто со тенисот

Енди Мареј го одигра можеби последниот тениски меч во кариерата. Тој е елиминиран уште во првото коло на првиот годинашен грен-слем, Австралија Опен откако загуби на стартот од Шпанецот Роберто Баутиста-Агут во маратонски пет сета. Мареј се врати по негатива од два сета и беше на прагот на голем прсврт, но не издржа во решавачкиот сет кој Агут го доби со 6-2. Претходно, шпанскиот тенисер ги доби првите два сета со идентични 6-4. Мареј потоа беше подобар во третиот и во четвртиот сет, двата ги доби во тај-брејк.

Сосема спротивен прв меч во Мелбурн одигра Роџер Федерер кој одигра три сета во победата над Денис Истомин (6-3, 6-3, 6-4) и без проблеми обезбеди пласман во вторoто коло. Во втората рунда се пласираше и Марин Чилиќ кој забележа стартна победа во три сета над Бернард Томич. Претходно и Рафаел Надал лесно го мина првото коло со триумфот над Австrалиецот Дакфорд.

На женскиот дел од турнирот, последни, на првиот натпреварувачки ден, место во вторoто коло обезбедија Каролине Возњаки и Петра Квитова. Данката забележа победа над Ван Утвајнк, а Квитова славеше во мечот со Рибарикова.

Се вчитува...