Мареј: Зошто тенисот ми е толку важен? По оној масакр во Шкотска, животот ми се смени…

Енди Мареј се потсети на трагичната случка во Шкотска од пред повеќе од 20 години која на него остави силно влијание, одбележувајќи ги годините кои потоа следеа.

Освојувачот на три Грандслема добро се сеќава на 1996 година кога во местото во кое живееше во Шкотска се случи страшен масакр во фитнес салата во неговото училиште. Мареј, како што вели, добро се сеќава на пукотниците затоа што цело време бил сокриен во училницата со останатите сооученици.

Томас Хамилтон тој ден уби 16 дечиња од предучилишна возраст заедно со нивната негувателка, а потоа изврши самоубиство…

„Ме прашувате зошто тенисот ми е толку важен во животот? Меѓу останатите и поради тој момент на кој со горчина секогаш се сеќавам. Тоа беше кога имав само 9 години. Сигурен сум дека сите деца по таа случка минуваа низ тешки период во животот, од различни причини. Ние сите во тоа мало место го знаевме тој човек, одевме во детскиот клуб а тој често се возеше со нас во автобусот. Тој ден во многу нешта ми го промени животот“ – вели Мареј за најголемото масовно убиство во историјата на Велика Британија.

Се вчитува...