Енцо Мареска не ја пропушти можноста да го „пецне“ раководството на Челси во писмото со кое италијанскиот стратег се збогуваше од лондонскиот клуб, јавно заблагодарувајќи им се на фановите за поддршката што ја добиваше од нив во целиот свој мандат на „Стемфорд бриџ“.
Челси под водство на Мареска минатото лето стана светски клупски шампион, но слабите игри во последниот месец придонесоа да дојде до тензија во односот меѓу тренерот и управата, се шпекулираше и за мешање во изборот на играчи од страна на директорите, што на крајот резултираше и со разделба.
„Напуштете го овој свет подобар отколку што сте го нашле. Моето патување со Челси почна со квалификации за Конференциската лига, си заминувам со внатрешен мир во себе, знаејќи дека го доведов овој престижен клуб онаму каде што заслужува да биде. Голема благодарност до фановите на Челси за поддршката во овие 18 месеци, тоа беше важен фактор за квалификувањето во ЛШ, за освојувањето на Конференциската лига и на клускиот мундијал. Нашите заеднички победи засекогаш ќе ми бидат во срцето“, порача Мареска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

