Мареска за кризата на Челси: Не уништија повредите…

2025 година донесе резултатска криза за Челси кој се продалбочи и на последниот премиерлигашки натпревар против Брајтон на кој „сините“ забележаа нов гостински пораз.

Тренерот Енцо Мареска причината за лошите игри ја гледа во повредите на класичните напаѓачи Николас Џексон и Марк Гуи без кој тимот нема решение во последната третина.

„Тешко е кога немате вистинска деветка. Се мачевме во последната третина, како и претходните недели, така да мора да најдеме решение. Мислам дека еден час го контролиравме натпреварот, но од голот на Митома се чинеше дека можеме лесно да дозволиме шанса. Вистинската причина остануваат повредите“, изјави Мареска.

Се вчитува...