Марез постигна гол за Сити и го посвети на газдата на Лестер (видео)

Ријад Марез го доведе Манчестер сити во водство на самиот почеток од дербито против Тотенхем, откако Алжирецот одлично втрча во шеснаесетникот и на асистенција на Стерлинг ја смести топката во мрежата.

Поранешниот фудбалер на Лестер на крајот од прославата покажувајќи со двете раце кон небото погодокот го посвети на првиот човек на „лисиите“, Вишаи Шривадханапрабха, кој го загуби животот во хеликоптерска несреќа во непосредна близина на стадионот на овој клуб.

Токму Шривадханапрабха го донесе Марез во Премиер-лигата, двајцата заедно се радуваа на историскиот успех и освоената титула, па иако во меѓувреме односите им се нарушија со барањето на трансфер што Марез го поднесе, алжирскиот фудбалер денешниот погодок му го посвети на својот поранешен претседател.

 

Се вчитува...