Марез прокоцка пенал, Ливерпул и Сити – без голови

Актуелниот првак Манчестер сити го напушта „Енфилд роуд“ со еден освоен бод, а може да жали за триумфот, со оглед дека Ријад Марез во 85.минута не успеа да реализира пенал. Алжирецот ја испрати топката високо над голот на Ливерпул и ја пропушти најголемата шанса на натпреварот.

Претходно, Марез беше и најопасниот пред голот на „црвените“. Но, немаше свој ден за да се запише меѓу стрелците.

Во редовите на Ливерпул, Мохамед Салах, беше во неколку шанси, но исто така без ефект.

По осум одиграни кола, сега Манчестер сити, Челси и Ливерпул имаат по 20 освоени бода на врвот на табелата во Премиер-лигата.

Се вчитува...