Марез таличен за Сити, а Лукаку за Јунајтед

Англискиот првак Манчестер Сити се провлече на гостувањето против Борнмут и славеше минимално со 0-1. Ријад Марез беше стрелец на победничкиот гол во 55.минута од средбата. Борнмут немаше ниту еден удар кон голот на „граѓаните“.

Манчестер Јунајтед во финишот стигна до триумф од 3-2 против Саутемптон на „Олд Трафорд“. Ромелу Лукаку во 89.минута го постигна погодокот вреден три бода. Белгиецот беше двоен стрелец, а за „црвените ѓаволи“ погоди и Андреа Переира. Саутемптон поведе рано со голот на Валери, а во 75.минута стрелец беше и Ворд-Праус. Пол Погба во 94.минута од мечот не успеа да реализира пенал.

Вулверхемптон го совлада Кардиф со 2-0, а стрелци на головите беа Диого Хота и Раул Хименез во првиите дваесетина минути од дуелот.

Резултати Англија: Борнмут – Манчестер Сити 0-1, Брајтон – Хадерсфилд 1-0, Барнли – Кристал Палас 1-3, Манчестер Јунајтед – Саутемптон 3-2, Вулверхемптон – Кардиф 2-0.

Се вчитува...