Марија Шарапова го продолжи боледувањето, го пропушта Ролан Гарос

Двојната освојувачка на трофејот на Ролан Гарос, Марија Шарапова, соопшти дека годинава нема да учествува на францускиот грен-слем. Русинката и натаму се мачи со повредата на рамото поради која и не игра воопшто од јануари годинава, а имаше и мал оперативен зафат.

„Понекогаш правилните одлуки не се секогаш најлесни“ – кратко изјави Шарапова.

Руската тенисерка која во април 2017 се врати по петанесетмесечна суспензија поради допинг, титулата во Париз ја освојуваше во 2012 и во 2014 година. Минатата година на Ролан Гарос беше елиминирана во четвртфиналето од Гарбине Мугуруза.

Вториот годинашен грен-слем почнува на 26. мај, а завршува на 9. јуни.

Се вчитува...