Поради повредата на рамото кој ќе мора да биде санирана со операција, Марија Шарапова мораше да се повлече и од турнирот во Мајами закажан за следниот месец. Таа веќе објави дека нема да игра во Индијан Велс, а го пропушти и турнирот во Санкт Петерсбург.
„Посветена сум на тоа да се вратам посилна, а што е поважно и без болката со која играв на почетокот од годината“ – напиша Шарапова на Инстаграм.
Петкратната освојувачка на грен-слем титули се мачи со повредата на десното рамо уште од минатото лето, а веќе еднаш правеше операција. Последен турнир за неа беше Австралија Опен каде во соминафиналето ја елиминираше Каролине Возњаки, а потоа доживеа четвртфинална елиминација од Ешли Барти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА