Маријано Дијаз пет години меѓу „кралевите“

Напаѓачот на Лион, Маријано Дијаз, се врати во „кралскиот клуб“ и потпиша петгодишен договор со Реал Мадрид. Тој се враќа на „Сантијаго Бернабеу“ каде што мина пет сезони од 2012 до 2017 година, напредувајќи од младинската школа се до сениорскиот состав. Потоа беше продаден во Лион за 8 милиони евра, а сега се враќа назад како докажан голгетер. Реал Мадрид за реоткупување на напаѓачот на кој имаше 35% од сопственоста, плати 23 милиони евра.

25-годишниот фудбалер за францускиот клуб постигна 21 гол и забележа седум асистенции. Тој на 31.август и официјално ќе биде промовиран како ново засилување на „кралевите“.

Се вчитува...