Марин остана без Мите, ама и така не играа – сите! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Димитар Мираковски се повреди и ја напушти играта, но тоа и не беше најголемиот хендикеп за тренерот на Работнички, Марин Докузовски, на првиот меч од финалната серија. Според изданието од третиот и од четвртиот период, како да не играше ниту еден од неговиот ростер, па Работнички на крајот доживеа дебакл и загуби со 80-44. Мираковски можеби ќе го нема и до крајот на финалната серија.

Се разбира, има нешто и во селекцијата на играчи…Ветераните не можат да мрднат, младите не можат да го одржат нивото…Не е овој Работнички со шампионски лик.

 

Се вчитува...