Марин Петков е нов кошаркар на Феникс 2010 (ФОТО)

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Марин Петков е нов играч на Феникс 2010. 18-годишникот претходната сезона беше дел од составот на Денис Дервишевиќ на двојна лиценса од редовите на Вардар, а сега и официјално стави потпис со новиот прволигаш.

Петков кој ги покрива и двете бековски позиции важи за еден од најдобрите таленти од неговата генерација. Тој беше дел од У18 репрезентацијата која ова лето одигра силен ФИБА Челинџер во Скопје, меѓутоа поради повреда во првиот меч против Хрватска ги пропушти останатите дуели.

 

Се вчитува...